Откако се омажи за сега екс- сопругот на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка, а му роди и дете, поранешната кошаркарка и сегашен фитнес тренер, а по ново и инфлуенсерка, Едина Муса, стана се’ поактуелна во медиумите.
Поминаа девет месеци откако атрактивната Едина стана мајка на синчето Максим кое сега е целиот нејзин фокус во секојдневието.

Мама ниту во бременоста не се откажа од физичката активност, но не се откажала ниту од љубовта да се биде на кошаркарски терен, но сега на паркетот гази само како тренер за помладите, но и како публика од трибини. Она што сега сакаше да го нагласи како една најубава промена е тоа дека го има до себе најдоброто друштво.

-Во салата кај што мама буквално порасна. Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици, стои во описот на фотографијата каде среќата на поранешната кошаркарка е очигледна на нејзиното насмеано лице.
Максим пркна, па веќе играта со баскет од мали нозе ќе почне да му станува интересна, а има и од како да учи и стекнува и гради спортски дух и љубов кон спортот, како од мама, така и од тато чија взаемна љубов кон кошарката несомнено ги поврзува.
фото:Instagram printscreen/edina_musa



