Деновиве во семејството на една од најпознатите естрадно – брачни двојки во Македонија имаше причина за дупло славје, односно за двојна радост. Некој дуваше свеќички, а некој откако пееше на завршен концерт, сега славеше и дипломска!
Имено, македонската фолк легенда Наум Петрески го прослави својот роденден во еден локал заедно со најблиските, кои со изненадување му покажаа колку е сакан и почитуван татко и сопруг.

Имено додека пејачот честеше за 59-ката, келнерот стигна со изненадувањето… Чоколадна торта и на неа само една заплена свеќичка во облик на бројката 5… Втората бројка си ја знае славеникот иако Наум, не ги крие годините.

Аплаузи, прегратки и бакнежи ги следеа честитките и дувањето на роденденската свеќичка, а потоа како што е редот се заврши со песна.

Зашто песната е во генот, во душата и срцето, во битието на целото семејство на легендарниот фолкер. Впрочем неговата сопруга Зуица е позната пејачка и професор по хармоника, ќерката од првиот брак Анастасија исто така пејаќка, а по стапките на родителите тргнаа и децата од бракот на Наум и Зуица, а некои музичката едукација ја дотуркаа до самиот крај.

Токму ова беше и поводот за уште една семејна прослава во домот, која се случи неколку дена порано од роденденот на Наум.

Имено, нивната ќерка Македонка дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а семејството беше присутно како и на завршниот концерт претходно, така и на доделувањето на дипломата.
View this post on Instagram
„Година подоцна вистинска диплома во нејзини раце… Со среќа мајкина гулабице“ – сподели на социјалните мрежи горадата мајка Зуица.

Но тука музиката не застанува да биде движечка сила во семејството, зашто по стапките на родителите и сестрите, тргна и најмалиот син на Зуица и Наум, Стефан.
Фото: Инстаграм и Фејсбук/naumepetreski/donapetreska/zuicalazova/






