Радио Милева силна мотивација

Двете познати трудници на вежбање во парк: Едина и Ирина ги спојува иста жестина за секојдневна фитнес рутина (видео)

Двете познати трудници на вежбање во парк: Едина и Ирина ги спојува иста жестина за секојдневна фитнес рутина (видео)

Календарски убаво навлегуваме во есента, а пак познатите трудници Едина Муса и Ирина Дишо веќе длабоко навлезени во вториот, односно третиот тириместар од бременоста.

Поранешната кошаркарка и сегашна фитнес инструкторка Едина Муса веќе покажа дека е кон средината на бременоста и е ултра активна трудница во теретана, па спортскиот начин на живот не го промени ниту во блажена состојба.

Иатото се случува и со сопругата на пејачот Павле Камилоски, планинарката Ирина Дишовска која по вторпат е бремена, а и таа исто така како и со првото бебе, не се откажува од спортска активност.

Токму спортскиот дух и жестина ги спои двете мамички, Ирина како веќе искусна мајка, а Едина како трудница за првпат. Двете вежбаа во градскиот парк, иако небото пушти по некоја капка дожд, тие не се откажаа од намерата да го направат својот тренинг за трудници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

Видеото од својата трудничка спортска активност го објавија на Инстаграм, па ги стимулираа сите идни мамички за кои ова е дозволено од лекар, па и оние кои и не се во блажена состојба.

За потсетување, Ирина очекува второ, па женско бебе откако претходно се оствари како мајка на синчето Јосиф, додека Едина за првпат ќе се оствари во најубавата улога и ќе добие машко бебе кое ќе го носи името Максим, но се уште не открила кој е партнерот со кого ќе станат родители.

фото:Instagram printscreen/ irinadisho/ edina_musa

To top