Радио Милева „Крвта не е вода“...

Две генерации Тарабунови со татковинска љубов, искрена и чесна, под исто знаме и иста песна: „Македонски крвопис“ од грлото на македонскиот музички патриот, за посебен момент во неговиот живот (ФОТО)

Две генерации Тарабунови со татковинска љубов, искрена и чесна, под исто знаме и иста песна: „Македонски крвопис“ од грлото на македонскиот музички патриот, за посебен момент во неговиот живот (ФОТО)

Големата победа на претседателските и парламентарните избори на ВМРО – ДПМНЕ вчеравечер, среда 8-ми мај 2024 се славеше до доцните пополноќни часови со невидена еуфорија од илјадници луѓе собрани на градскиот плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје!

Покрај победничкото обраќања на идниот премиер Христијан Мицкоски главни на сцената разбирливо беа пејачите кои и претходно ја следеа изборната кампања на победничката партија. Меѓу сите поп и фолк ѕвезди, беше и тој, македонскит поп пејач и композитор, Александар Тарабунов.  

Како син на македонската пејачка легенда, познатиот Ванчо Тарабунов, оддамна покажал дека „крвта не е вода“ и  дека она што татко му го започнал, тара го продолжува и надградува. Но Тарабунови се познати не само како одлични пејачи, туку и како големи патриоти. Родољубби кои си ја сакаат својата родна татковина Македонија, што многу пати и го докажале преку својот уметнички израз. Така било отсекогаш, така било и некогаш кога Ванчо покрај дузината отпеани трапознати но и свои, новосоздадени народни песни со патриотска содржина, ја отпеа и познатата тема „Македонски крвопис“.

Вчерашниот победнички ден беше моментот кога таткото и синот се најдоа на исто место. Едниот на бината, другиот покрај неа во придружба на својата ќерка и сестра на Тара, Христина.

Имено, Александар меѓу останатите ја испеа и можеби токму најпознатата песна на неговиот татко, „Македонски крвопис“, а Ванчо со посебна гордост дојде да го слушне синот како ја пее неговата песна.

„Мојата најголема сила и гордост дојде вечерва да ме слуша како ја пеам неговата песна ‘Македонски крвопис’,  за мене посебен момент во животов… Да живее Македонија!“ – напишал Тара покрај споделената зедничка фотографија со татка си направена пред бината.
А на неа, две генерации Тарабунови со татковинска љубов, искрена и чесна, под исто знаме со сонцето од Кутлеш и иста песна. „Македонски крвопис“ во гласот на крајот на денот и патриотска гордост во генот!

Фото: Инстаграм/aleksandartarabunov/YouTube

To top