Сила, гордост, емоција, насолзени очи, вака најпрвин ребусно гордата мајка Маја Гроздановска- Панчева се пофали за титулата на својата прва и постара наследничка Надица која особено ги израдува мама и тато.
Мама Маја беше онаа која ја објави фотографијата од новата професорка Надица Панчева која магистрираше Англиски јазик и книжевост.
-Едниот левел завршен. Магистратура: професор по Англиски јазик и книжевност. горда мајка. Уште малку остана и германскиот да го завршиме, напиша среќната мајка која се дополни и дека успесите Надица допрва ќе ги реди бидејќе при крај и со студиите од германскиот.
Помалата ќерка Марија ги прави горди со своите модни афинитети и достигнувања во светот на модата, додека нејзината дадичка вешто жонглира со јазиците.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/grozdanovskapancheva/facebook/Nadica Pancheva