Радио Милева наследничките ја кренаа до небо

Дупла гордост за Гавазова: Ќерките како растат се’ повеќе ја сакаат музиката, а мама блеска од среќа (фото)

Дупла гордост за Гавазова: Ќерките како растат се’ повеќе ја сакаат музиката, а мама блеска од среќа (фото)

Родителите се пример и водечка фигура по која се градат и обликуваат децата, а кога и гените ќе си го направат своето, тогаш неминовно е од наследниците да се очекува во некои карактерни особини и таленти да повлечат на мама и тато, баба или дедо…

А кога доволно ќе потпораснат тоа да го препознаеме и истото ќе го покжат дека присвоиле како крвно наследство, е тогаш убавото на душа е неописливо.

Токму таква убавина и гордост за да полета си дочека пејачката Сузана Гавазова  од ќерките Емили и Селена кои свиреа на јавен час по клавир во музичкото училиште кое и двете го посетуваат.

-Вечерва моите ќерки свиреа на концерт во музичкото училиште во Струмица “Боро Џони”и се забавуваа на концертот заедно со своите другарчиња, а родителите изгледаа како да се вистински фанови… Голема благодарност до учителот Дарко Атанасов а уште поголема благодарност до учителката од Основното училиште “Сандо Масев” Васка Георгиева што присуствуваше на концертот, навистина беше голема чест за нас а за децата вистинска среќа, напиша среќната мајка.

Како Селена, така и Емили седнаа до клавирот и ја отсвиреа композицијата што изминатите месеци ја вежбаа со учителот.

Мама и тато  како и секогаш беа во публика, а наследничките веќе доволно потпораснати за да покажат што е она што „ги влече“  и го сакаат.  Е сега дали ќе бидат пејачки или инструменталистки, допрва ќе покажуваат и докажуваат.

Тие во 2022 година запеаја и на сцената од детското фестивалче „Вртелешка“ кое се одржа во Струмица, а дали оваа детска желба кон мзиката и пеењето ќе им остане за понатаму, останува времето да покаже.

фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova

To top