Поранешната кошаркарка и сопруга на бившиот маж на Тамара Тодевска, Едина Муса, неодамна стана мајка за првпат.
Мама пак, по вторпат стана сопругата на пејачот Павле Камилоски, панинарката Ирина Дишоска.
Периодот додека траеше нивната бременост ги поврза двете пријателки да бидат уште поблиски.
Едина и Ирина заедно вежбаа и направија сѐ да ја истуркаат бременоста на најубав и здрав начин.
Тие две сега заедно си споделуваат совети и си го олеснуваат и периодот што следи откако среќни веќе ги држат бебињата в раце.
Овој пат на социјалната мрежа Инстаграм со насмевка до уши Едина сподели и еден практичен совет и за оние тазе мајки кои ја следат.
Имено Едина Муса покажа како си го олеснува доењето и кога е надвор.
Таа носи дуксери со патент од двете страни кој се отвара кај градите, а Едина потврди дека е навистина совршено за секоја мајка со мало бебе.
Остана нејасно дали еден таков набавила или можеби добила на подарок од Едина и нејзината пријателка, планинарката Ирина, за да можат обете да бидат покомотни во доењето кога е во прашање шетањето надвор од дома на нивните подмладоци.
фото: prinbtscreen/instagrtam