Јоце Панов, еден од нашите најпознати изведувачи, кој секој викенд ги полни клубовите низ нашата земја сними дует со Дарко Филиповиќ, кој се прослави во првата сезона на Ѕвездите на Гранд, кога освои четврто место во суперфиналето, а потоа за кратко време постигна голем успех.
Песната се вика “Лице у лице”. Музиката и текстот се на Блаже Темелков, аранжманот е на Алек Алексов. Песната се снимаше во студиото на Алексов во Белград. Спотот на сите платформи има голем број прегледи и е сниман на неколку локации во соработка со Дејан Миличевиќ.
Се работи за една борбена машка нумера, каде овие два гласа се борат за љубовта на атрактивна девојка, па таа сама треба да одлучи помеѓу еден од нив.
По објавата на видео записот, реакциите на публиката се воодушевувачки.