ТВ водителката и домаќинка на кукинарска емисија, Драгица Стевковска – Дракче, неодамна реши да го прекине молкот поврзан со нејзината здравствена состојба.
Дракче тврди дека за нејзиното здравје имало шпекулации, но дека сега се чувствува многу добро и дека со нетрпение очекува да се врати на снимање. Во новата објава на Фејсбук Дракче вели дека е на чекор пред новиот почеток од новата трета сезона на „ Гответе со Дракче“ која со радост чека да ја отпочне.

-Секој ден си ги гледам репризите од 2-ра сезона и гледам колку среќни сме биле сите заедно и во првата и во втората сезона со многу гости пријатни изненадувања музика и убав муабет зачинет со брзи и вкусни рецепти. Ги бројам и деновите и минутите кога пвторно во 3-та сезона на ,,Гответе со Дракче,, ќе споделуваме 30 минути забаваааа…Ќе даде Господ сполај му… Ве сакааам- пишува таа.

Инаку, Дракче откри дека имала проблем со коскениот систем, болест која бара подолго лекување, а и претстојат и уште неколку операции.
фото:Facebook/Dragica Stevkovska Drakce







