Екс – ТВ водителката и актуелна инфлуенсерка Елена Стефановска на нејзините најнови објави на социјалните мрежи каде што е активна му кажа на довидување на летото.
Се разбира по тој повод таа се фотографираше во летно издание од кое многумина се воодушевија и со тоа ја затвори летната сезона за оваа година.
Топлите денови таа ги искористи максимално, а на последните фотки во фокусот повторно беше нејзиниот елегантен стил со кој инспирира.
Таа позирала покрај морето на карпите, а во фустанот за кој се одлучила изгледа како вистинска божица.
Летото за три дена завршува и календарски, па со тешко срце не и преостанува ништо освен да му се заблагодари за толите авантури.
Елена костимот за капење од почетокот на летото не го соблече, а сега веќе почнува нова приказна враќајки му се на бизнисот со наполнети батерии.
Фото: print Screen/Instagram/elena_zivotsostil