Радио Милева сепак, не беа еден за друг

Доста беа шпекулации: Џенифер Лопез кажа крај на бракот со Бен Афлек

Доста беа шпекулации: Џенифер Лопез кажа крај на бракот со Бен Афлек

Дојде време за крај на сите невистини, негодувања и шпекулации околу крајот на двегодишниот брак на актерската двојка. Сега веќе е јасно се’, Бен и Џен не се заедно.

Американската пејачка и глумица Џенифер Лопез поднесе барање за развод од глумецот Бен Афлек, по две години брак. Барањето е поднесено вчера во Врховниот суд на Округот Лос Анџелес, според судските документи до коишто дојде „Би-би-си“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Во документот се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, како што се тековни приходи, расходи, долгови.

Лопез и Афлек се запознаа на снимање филм во 2003 година и планираа да се венчаат, но ја раскинаа свршувачката следната година, а се венчаа скоро 20 години подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Афлек во меѓувреме беше в брак со глумицата Џенифер Гарнер со која има три деца, а за Лопез ова беше четврти брак. Од бракот со пејачот Марк Антони, латиноамериканската пејачка има две деца.

фото:Instagram printscreen/jlo

To top