Радио Милева некогаш

Досега невидена фотографија од Марта и Миле Китиќ: Луѓето немале можност да го видат ова (фото)

Досега невидена фотографија од Марта и Миле Китиќ: Луѓето немале можност да го видат ова (фото)

 За бракот на пејачот Миле Китиќ и неговата сопруга Марта Савиќ доста се шпекулираше, а тие се повеќе од интересни за јавноста со оглед на тоа што поубавата половина на пејачот се преселила во Доминиканската Република, и живее одвоено од него и нивната ќерка Елена.

И покрај тоа, Миле често истакнува дека ја сака сопругата и дека во нивниот брак се е во најдобар ред, а за тоа говори и објавата на Елена која набрзо стана вирална.

Имено, Елена тргна по стапките на своите родители и пее со години, а е под будното око на јавноста, а секоја нејзина објава е придружена од фановите и медиумите.

И покрај тоа, на социјалните мрежи често споделува фотографии од својот живот, а сега покажа и фотографија од нејзините родители од младоста, која јавноста до сега ја нема видено.

На фотографијата се Марта и Мале со нивното милениче, куче кое го нарекле Чарли.

– Мама, тато и Чарли – напишала Елена на својата инстаграм сторија.

Она што може да се забележи на прв поглед е дека Елена многу личи на мама и тато.

фото: printscreen/X

To top