Фудбалерот Душан Влаховиќ ужива во љубовта со атрактивната бринета Вања Богдановиќ.
View this post on Instagram
Летово папараците ги фотографираа како уживаат на Ибица на дневна забава, пијат, се гушкаат и бакнуваат без да внимаваат на погледите на присутните.
Душан Влаховиќ и Вања Богдановиќ ја криеја својата врска, а неодамна заедно поминаа во Париз на прославата на Новак Ѓоковиќ по повод освојувањето на златото на Олимпијадата.
View this post on Instagram
Вања Богдановиќ е белграѓанка, додека со Влаховиќ се познава цел живот. Љубовта се родила по долгогодишно пријателство, а како што објавија медиумите дури и нивните родители се пријатели.
На Инстаграм профилот на српскиот фудбалер сега се појавија фотографии на кои тој позира во прегратките на својата поубава половина.
Вања блескаше во бел, полупроѕирен фустан со роза околу вратот, додека Влаховиќ носеше бела маичка и кремаста јакна. Заедно со емотивната објава на својата инстаграм приказна, Влаховиќ стави емотикон со бело срце.
Фото; Инстаграм/vanja_bogdanovii_superfan/vlahovicdusan