Српската манекенка Јована Ѓорѓевиќ отворено проговори за естетските корекции, но и за проблемите со кои се соочила по процедурата.Јована е во брак со поранешниот српски фудбалер Филип Ѓорѓевиќ, додека е многу активна на социјалните мрежи и често споделува детали од својот приватен живот.
– Првиот доктор што ме оперира ми предизвика најголем проблем. Поради неговата некомпетентност, моите усни се асиметрични, т.е. поасиметрични отколку што беа природно бидејќи тој исекол повеќе месо од едната страна, а повеќе од моето ткиво отколку самиот материјал. Доколку операцијата беше извршена попрофесионално, веројатно немаше да страдам толку многу – рече Јована.

Зборувајќи за козметичките зафати, таа ја спомена и операцијата на носот, по која, вели, имала и компликации.
– Хирургот буквално ми го спаси носот по претходна неуспешна операција (за време на која еден познат доктор ми отстрани речиси половина од носот). Долго време не сакав јавно да споделам за кого станува збор, бидејќи секоја операција носи ризици и не би сакала некој утре да биде незадоволен поради мојата препорака, како што бев јас откако отидов кај доктор кој беше фален долго и широко, а потоа повторно ми направи катастрофа од лицето – откри Јована.

Foto: Instagram prntscreen/callmelolita






