Радио Милева полицијата шокирана

Добрила Чабриќ едефинитивно супербабичка со дух на тинејџерка: На последното снимање на шоуто „Никогаш не е доцна“ зад воланот помина 570 километри во еден правец со автомобил и безбедно стигна до Белград (ФОТО)

Добрила Чабриќ едефинитивно супербабичка со дух на тинејџерка: На последното снимање на шоуто „Никогаш не е доцна“ зад воланот помина 570 километри во еден правец со автомобил и безбедно стигна до Белград (ФОТО)

Добрила Ивановска Чабриќ и покрај тоа што неодамна го прославу својот 96-ти роденден,  се’ уште  вози, а за себе вели дека без својот автомобил е како птица без крилја.

Впрочем, Добрила тоа го демонстрираше и сега кога на последното снимање на популарното шоу „Никогаш не е доцна“, емисија во која што важи за најстарата победничка, пред студиото во Белград дојде со својот автомобил кој самата го возеше од Македонија.

Многумина беа шокирани од фактот што таа со својот „Матиз“ се возеше од  Дојран до Кошутњак, поминувајќи 570 километри во еден правец.
Како што вели, ова за неа не е никаква километража, бидејќи таа со своето возило патува низ цела Европа.

„Полицијата е шокирана“ вели таа. „Среќни се кога ќе ме видат“!

Добрила потврди дека со автомобил дошла од југот наМакедонија во Белград и откри како реагира полицијата кога ја видела зад воланот на граничниот премин.

„Веќе ме познаваат, па се радуваат кога ќе ме видат. Многу сум популарна и многу ме сакаат, па се чувствувам како да лебдам во некои убави години. Но, возам полека и безбедно“ – ќе изјави Добрила за Гранд и додава дека не може да функционира без автомобил.

Добрила Чабриќ едефинитивно супербабичка со дух на тинејџерка!

Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ/принтскрин-grand.nova.rs

To top