Пејачката Марина Висковиќ откри дека е добра во кревет и дека ја користи оваа вештина за да ги освои мажите.
Марина го крие својот љубовен живот далеку од очите на јавноста и се обидува да ја освои публиката со својот глас и хитови. Има многумина кои би дале сè за да ја освојат, но атрактивната бринета го подарила своето срце на маж кого сè уште не го претставила на јавноста.

Иако го крие неговиот идентитет, Марина потврди дека е среќна и дека другите мажи, колку и да се трудат, немаат ни најмала шанса со неа. Како и секоја жена, Висковиќ ужива во вниманието и ситниците што нејзиниот избраник ѝ ги подарува секојдневно, но во исто време се обидува да му возврати на партнерот и да му го даде најдоброто од себе.

Позната по својата искреност, фолк пејачката, во разговор со своите следбеници на Инстаграм, без двоумење одговори на прашањето дали го освојува партнерот со своите кулинарски вештини или со своите способности во кревет.
– Дефинитивно не го освојувам со ова прво – кратко напиша пејачката, јасно ставајќи до знаење дека многу повеќе ја претпочита жешката атмосфера во спалната соба отколку кујната, престилката и шпоретот.

foto: printscreen/instgaram





