Актерката и пејачка Џенифер Лопез на Инстаграм објави серија фотографии на кои, меѓу другото, позира во кујната во свечен фустан со длабоко деколте.
„Мојот омилен дел од излегувањето е да се вратам дома на полноќна ужина“, напишала 55-годишната пејачка покрај објавата, а на една фотографија позирала со лажица во рацете покрај шпоретот.
View this post on Instagram
Објавата собра 1,1 милион прегледи, а многумина нејзиниот фустан го нарекоа „одмазда“ по разводот со Бен Афлек.
View this post on Instagram
„Изгледаш неверојатно“, „Мило ми е што се смееш“, „Совршенство“, „Само Џенифер готви во фустан за Оскар“, „Најубавата пејачка досега“ и „Афлек изгуби многу“, се дел од коментарите.
Инаку, Бен неодамна беше фотографиран со поранешната сопруга Џенифер Гарнер од која се разведе во 2018 година, но останаа во пријателски односи. Папараците ги снимиле и додека возат заедно во Лос Анџелес, а празниците наводно ќе ги поминат заедно, што е желба на нивните деца Вајолет (18), Серафин (15) и Семјуел (12).
Бен и Џенифер Лопез се венчаа во 2022 година, а летово објавија дека се разведуваат.
фото: printscreen/instgaram