Дијана Дурлевиќ македонската (т)рап артистка попозната како Дијана Оу Џи која на пошироката јавост во регионот и стана позната и по учеството во реалното шоу „Задруга“, по двет месеци минати зад решетки е пуштена дома, но сепак во куќен притвор.

Откако излезе од најпознатото ријалити таа тргна да гради музичка кариера на релација Скопје – Белград каде и што во последно време престојуваше. Последната тема насловена „Исфолирана“ заедно со видеоспотот солидно мина и таман се чинеше дека на Дијана и тргна… Очигледно некој „и го тргна“ или пак сакаше намерно да ја тргне!
Причината за нејзиното затворање барем во јавноста остана непозната, па оттаму тргаат и шпекулациите. Едни велат дека во престолнината кај северниот сосед ја фатиле со одредено количество опијати за уживање, други споменуваат дека е во прашање непријавен престој во странство повеќе од дозволеното време, трети дека се во прашање финансиски долгови, четврти пак затворската казна дури и ја поврзуваат со нејзините „Онли Фанс“ активности на страницата за возрасни, која Дијана Оу Џи оддамна ја поседува и од неа ја надополнува својата егзистенција.

Фантазиите и нагаѓањата одат до таму што многумина се дури и убедени дека сето ова е само рекламен трик и маркетинг, дека се работи за „фејк робија“ зашто Дијана во затворот само снима кадри за нов видеоспот, кој наскоро ќе има своја промоција?!

Што и да е, вистината ја знае само трап артистката, а приказната вели дека по казната од седум месеци надвор од Македонија и два месеци издржување во Шутка, конечно ја почувствувала слободата.

Таа и самата по подолго време на својот Инстаграм профил ја споделила главната страница од својата патна исправа ( пасошот) како доказ дека и е вратен, но споделила и уште една-две фотографии, кои пак креваат дополнителна прашина зашто се направени при дневна затворска прошетка.


Но, веќе сме навикнати во затворите да влегува и излегува се’ и се’што, а мобилните се речиси вообичаено нешто, па затоа и не е многу шокантно од каде дошол кадарот од затворот!

Како и да е, виновна или невина, поткажана, наместена или исфолирана Дијана Оу Џи е се’ уште изолирана од јавноста, иако некои нејзини колеги веќе и дадоа поддршка.


Сега е во куќен притвор, каде има доволно време за творење, па оние што ја обожаваат со нетрпение повторно ја очекуваат на музичката сцена лејди Оу Џи со нови проекти.

А веројатно уште пожелно ја очекуваат и нејзините „Онли Фанс“ фанови на нејзината страница за возрасни… Се разбира, доколку истата се’ уште постои и е спасена, односно во нејзино отсуство не е угасена!?

Фот: Архива/Инстаграм/iamdijana.og







