Македонската (т)раперка Дијана Дурлевиќ, попозната како Дијана Оу-Џи по учеството во најгледаното регионално ријалити „Задруга“, се повеќе и почесто престојува во Белград. некои тврдат дека дури и дефинитивно таму се преселила, иако Дијана за тоа се’ уште до крај не се изјаснила.
Ама затоа она што е така јасно е нејината нова песна и видеоспот за темата „Исфолирана“, која деновиве заедно со видеото беше и промовирана.
View this post on Instagram
Разбирливо, медиумите во српската престолнина веднаш покажаа интерес, па така на ред дојде и црвената телевизија „ТВ Ред“!Дијана таму беше гостинка, која достоинствено и репрезентативно ја претсатви и новата песна и себе си и својата музика и родната Македонија.
Арно ама, не се само радиата, телевизиите, весниците и порталите се заинтересирани за новите остварувања на новите естрадни фаци. Следбениците на социјалните мрежи на кои во последно време Дијана е се поактивна, особено Инстаграм, брзо сфатија колку атрактивната убавица е провокативна, па такви беа и дел од прашањата и констатациите, но и одговорите кои ги даваше самата Дијана.
Но, за разлика од некои други, кои она што не им се допаѓа или не го објавуваат или се обидуваат на фин начин да го „исфилуваат“ во својот одговор Дијана Оу Џи „без влакна на јазикот“ им го возврати брутално, онака како што знае со свои зборови! И не само што на забелешката што не и се допадна во одговорот отсечно „одбруси“, туку Дијана Оу Џи се потруди на незадоволникот и сликовито да му одговори.
И тоа онака безрезервно и мошне перверзно, во свој стил каков што карактерот отсекогаш и бил: Директна, дрска, „културно безобразна“, остра и по малку можеби и вулгарна, ама… Тоа е Дијана!
Дали потоа некому ќе му биде непријатно, ќе му биде или нема да му биде добро – сеедно! Важно е само едно: Пејачката не се фолира ниту пак сака да биде „Исфолирана“ и ако некој тоа и го зема за мана или зло… За таквите: „Два прста меѓу нозе, поздрав и секое добро“! До следната прилика… Инаку, вака изгледа целата слика!
Фото: Инстаграм/iamdijana.og