Дијана Ѓоковиќ на плажа им даде задача на дами на нејзини години!
Додека големото семејство уживаше во привлечноста на црногорското крајбрежје, мајката на Ноле минатата година реши да ги спакува куферите и да одлета директно во Шпанија, каде што летните денови ги минуваше капејќи се на сонце со својот среден син Марко.
View this post on Instagram
Не сакаше да ја пропушти можноста подобро да ја запознае својата идна снаа, а судејќи според фотографијата која кружи на социјалните мрежи, таа е презадоволна од неа и од начинот на живот што таму го води нејзиниот наследник со својата избраничка.
Синот и снаата убаво ја угостиле, а не пропуштиле да ја однесат во омилен ресторан покрај море, веднаш до плажата, каде е направена фотографијата која кружи на социјалните мрежи, пренесува Story.рс
Дијана Ѓоковиќ блесна на плажа во син цветен фустан, кој за разлика од другите аутфити на Дијана е поотворен и идеален за летните горештини.
Лицето од сонцето го заштитила со сламена капа и изгледа совршено.
фото:Instagram printscreen/ djokomare