Џорџина Родригез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа појавувајќи се во модна комбинација која го истакна нејзиното деколте на ревијата на белгискиот дизајнер Лудовик де Сент Сернин.
Според модниот магазин „Women’s Wear Daily“, Де Сен Сернин на модната ревија која се одржа во Париз ја претставил колекција „pret-a-porter“ наменета за модно освестени, модерни деловни луѓе.
Дизајнерот нагласил дека сака да креира облека која истовремено е и професионална и сензуална и која привлекува внимание.

Родригез, позната по својот беспрекорен стил, за оваа пригода избра провокативен кафеав, кожен корсет, кој го креирал токму Сент Сернин.
Таа совршено го искомбинира кафеавиот кожен корсет со црната кожна јакна и црно здолниште до колена, а косата ѝ беше врзана во високо опавче, кој го комплетираше нејзиниот елегантен стил.

Исто така таа носела црни, високи потпетици со врвки кои дополнително ја истакнаа нејзината модна комбинација, привлекувајќи го вниманието на сите присутни на ревијата.
фото:Instagram printscreen/ georginagio







