Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски – Џокер уште неземени станаа интересни за јавноста. Медиумска атракција заради „љубовната акција“ во која се впуштија која во старт важеше за „забранета“, за подоцна заврши со брачна заедница. Иако тоа е минато кое се’ уште се памети, откако стивнаа сите тие муабети, нивната семејна хармонија ссе повеќа наликува на милозвучна брачна симфонија во која сите ноти се наредени онака како што треба. Единствено останува прашањето кој е дома диригентот, ама тоа е приказна за сосема друго брачно либрето.

И додека Роберт професионално споделуваше експлицитни видео кадри со разголена русокоса во секси долна облека во кои „од уво до уво“ насмеаниот Џокер на атрактивната разголена убавица „и ја земаше мерката“, по дома ситуацијата е сосема поинаква. Таму мачо фраерот од страствен швалер се трансформира во ревносен родител.

Оддамна е познато дека физичката подготовка и добрата кондиција се битна гаранција за „мир во куќа“. Од секој поглед, особено од еден. Затоа Џокер решил да ги спои двете најважни работи за бракот: Да се биде спремен маж и добар татко. Ем билдање кондиција за заедничка сатисфакција, ем родителска грижа и едукација за подмалдокот од новата генерација. Билдинг доза, за двојан полза!

Впрочем, Џокер и сликовито покажа дека не е лесно да се носи на грб најдоброто од Антониа… Кој како сака нега го сфати, ама затоа и не може повеќе од десет пати!
Фото и видео: Инстаграм/jokerdam93




