Радио Милева ги изненади изненадувањето?

Џокер ја однесе Антониа Гиговска или таа него, на „интимна проекција“: Отидоа да гледаат филм за да им биде фино, ама погодете што правеа двајцата сами во празното кино?

Џокер ја однесе Антониа Гиговска или таа него, на „интимна проекција“: Отидоа да гледаат филм за да им биде фино, ама погодете што правеа двајцата сами во празното кино?

Бракот не подразбира само „робување“ на купишта домашни обврски среде куќи, туку  заеднички живот и надвор од домот. Особено на младите брачни парови кои се’ уште се желни за живот, провод, излегување, забава од различна природа.

А кино проекциите се една од опциите и тоа не само заради изборот на филмот, туку и да те потсетат дека бракот не ја задушил романтиката која некогаш партнерите си ја приредувале, а во која и обајцата уживале.

Токму заради овие причини Роберт Спасенцовски познат како Џокер и уште попознат како сопруг на Антониа Гиговска реши на својата млада и убава сопруга да и приреди малку забава зачинета со романтика. Биоскопската сала како измислена за час и половина до два, проведени еден до друг, со фокус кон она што се прикажува на големото платно.

До душа во некои други времиња кино салата беше и место за дискретно споделување интима, особено ако ти се пружи ваква ретка прилика како на Џокер и Антониа – да гледате филм во празна сала.

Дали Џокер сакал да ја изненади својата поубава половина или таа него, па навистина ја откупил(а) целата сала, што е малку веројатно или така случано им се погодило – сеедно! Во секој случај имаа ретка прилика како две вљубени гулапчиња да добијат ексклузива – интимна кино проекција  само за нив двајца, во сосема празна сала.

 

Некој не само за уживање во  филмската уметност, туку би ја искористил ваквата можност и за споделување нежност!

Џокер и Антониа отидоа да гледаат филм за да им биде фино, ама погодете што правеа  двајцата сами во празното кино?

Пијачка и грицки во кино станаа задолжителни, ама дали онака „изненадени“ од ситуацијата со празната сала, двајцата се впуштија во размена на нежности и романтика – не (по)кажаа!?

Остана само дилемата: Дали после видеото и фото селфито почна и „поинакво изненадување“ да се спрема или… некој задрема?

Фото/видео: Инстаграм/jokerdam93

 

To top