Познатата естрадна брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски не престануваат да бидат во фокусот на внимането на јавноста. Што заедно, што поединечно. Од бурниот почеток на нивната врска, па се до ден денеска. До душа како што обајцата тврдат, бракот им е скаладен иако и самите знаат понекогаш на јавноста да и приредат малку возбуда… Колку нивната популарност „да не зарѓа“.

Антониа со своите видеа и прилично скокотливи фотографии и фото сесии, е најчесто таа што ја интригира публиката и слебениците на мрежите.

Малку еротика никогаш не е на одмет, особено, кога е во функција на кариерата и забавата на масата обожаватели на нејзините песни и видеа, а Бога ми и телесните атрибути на пејачката.

Арно ама, кога сите очекуваат нова фото возбуда од Антониа, овој пат нејзиниот сопруг кој на естрадата е попознат како Џокер, извади „џокер од ракавот“ кога е во прашање шокирањето на јавноста.

Имено, Џокер „го фатија“ во експлицитни кадри со разголена русокоса во секси долна облека. Иако најпрвин сите помислија дека е сопругата, па иако личи на неа, оваа не е жена му Антониа!

Фотографиите што осамнаа на неговиот Инстаграм се од видеосет веројатно за новиот спот на пејачот „под маска“, кои патем се прилично експлицитни, да не речеме провокативни „до даска“!

На нив, „од уво до уво“ насмеаниот Џокер на атрактивната разголена русокоса во секси долна облека „и ја зема мерката“!

Тој неа или таа нему – ќе се покаже „на крајот на денот“, откако ќе ја видиме разврската на приказната. И онаа музичкта во видеото, а можеби и онаа брачната во животот?

Иако речиси е сигурно дека на тој план естрадно-брачната двојка Гиговска-Спасенцовски има совршено разбирање за нивните „професионални излети“! Се’ во рок на службата и во функција на кариерата, иако, колку за потсетување и нивната љубовна врска, ако добро ви текнува, исто така почна – со „професионална дружба“!

За да не испадне дека довикуваме „лоша карма“, само ќе откриеме која е раскошната разголена русокоса убавица од прегратките на Џокер!

Во прашање е една расна македонска манекенка и топ модел, Вања Петрушевска.

Секси русокоса со складни пропорции, какви што бараат модните писти и нсловниците на модните магазини: (173 цм, 85-64-92 гради-струк-колк), чевли бр. 39…

Досега учествувала на разни модни ревии и модни викенди, снимала рекламни модни фотографии и модни едиторијали и е едно од лицата кои ги носат моделите на креаторката Елена Лука.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa/jokerdam93/vanjaapetrusevska







