Промотер

Џокер евоцира спомени: Која беше таа што му истури – „Сол на рана“ (ВИДЕО)

Џокер евоцира спомени: Која беше таа што му истури  – „Сол на рана“ (ВИДЕО)

Џокер не би бил Џокер доколку повторно не ги „запали“ социјалните мрежи со неговиот најнов музички проект, а овојпат тој е насловен „Сол на рана“. Како и со неговите претходни песни и видеоспотови, така и овој пат младиот и талентиран музичар Роберт Спасенцовски кој се крие зад псевдонимот Џокер предизвика реакации на социјалните мрежи.

Иако во коментарите на објавите може да прочитате и позитивни и негативни забелешкино, едно е повеќе од јасно, за вкусови, особено музички не се дискутира, некому може да му се допаѓа, некому не.

„Јас правам музика прво мене да ми се допадне, па потоа на публиката. Можеби е себично, но која е поентата да создавам музика која ни сам не би сакал да ја слушам? Ова е еден можеби би рекол нов правец, нешто што не можеме го слушнеме на нашата естрада. Со други зборови, сакам да сум различен од останатите“ – ќе изјави накусо музичкиот Џокер.

Инаку песната, односно музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека пак на спотот како режисер се потпишува Горан Симјаноски. Во спотот покрај Џокер се појавуваат неколкумина музичари и три згодни девојки во провокативна облека.

Како сето тоа звучи и изгледа, погледнете од видеото во продолжение:

 

 

 

To top