„Џои фест“ е традиционална манифестација на отворено во Крива Паланка која се одржува на крајот на август. Лани на затворањето на настанот концерт одржа Здравко Чолиќ.
Годинава „Џои фест“ ќе се одржи во две вечери, на 23 и 24 август. Програмата на ова издание ќе биде составена претежно од домашни изведувачи и групи, па така главна ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе одржи концерт во Крива Паланка на 24 август на Градскиот плоштад.
Истата вечер, пред Калиопи ќе свири бендот „Кисити“.
Ден порано на истото место ќе настапат скопските бендови „Суперхикс“ и „Конкеринг лајон“.
Фото: Фејсбук/Joyfest