Џина, ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е многу активна на социјалните мрежи каде често е предмет на коментари поради провокативниот стајлинг и разголените изданија.
Џина и тоа како знае да провоцира, а поразлично не беше ниту овој пат кога објави фотографии и кусо видео-клипче во многу интересно парче, костим за капење.
Имено, таа се сликала во едноделен костим за капење кој повеќе открива отколку што го покрива нејзиното тело. Ставила голем шешир, па направила неколку селфи пози во огледалото. Костимот за капење има огромен шлиц на стомакот, а градите за малку што не испаднале.
„Малку претера“, „Ау, какво тело“, „Ова не ти требало“, „Што ќе кажат мама и тато за ова“, се само дел од коментарите, на кои Џина баш и не им обрнува многу внимание.
Да потсетиме, Харис и Мелина Џиновиќ раскинаа по две децении љубов, а пејачот неодамна откри дека поднесуваат барање за развод.
Фото и видео: Инстаграм/djinadzinovic