Радио Милева (не)кој затаил?

Џејла Рамовиќ ја снајде истата судбина како Аца Лукас: Полицијата упаднала на настапот на босанската пејачка, настапувала без дозвола во клуб во Кичево?

Џејла Рамовиќ ја снајде истата судбина како Аца Лукас: Полицијата упаднала на настапот на босанската пејачка, настапувала без дозвола во клуб во Кичево?

Во текот на викендот од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево.

При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево – Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево.

Од неофицијални извори се дознава според зборовите на сопственивците на локалот, дека тие ја поднеле сета потребна документација навреме, но не добиле никаков одговор, односно надлежните институции навреме не им ја изготвиле и издале потребната дозвола за работа на странската пејачки и членовите на нејзината придружна група?!

Фото: Инстаграм/dzejlaramovic

 

 

To top