Џенифер Лопез моментално е на својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“, а снимка од нејзиниот концерт во Алмати веќе неколку дена станува вирална. Пејачката имала непријатно искуство за време на концертот во Алмати, Казахстан, кога инсект ѝ слета на вратот.
Додека изведуваше емотивна балада, скакулец ѝ слета на вратот, што публиката можеше да го види на видео екран.
A cricket crawled on Jennifer Lopez during her concert. pic.twitter.com/FvShmbkZdq
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) August 10, 2025
Сепак, таа остана професионална до самиот крај и не го прекина изведувањето на песната, туку едноставно мавна и им се обрати на присутните со зборовите:
„Ме скокоткаше!“, што насмеа многумина.
За потсетување, пејачката доживеа непријатност на неодамнешниот концерт кога здолништето ѝ падна за време на настапот во Варшава, но не беше премногу вознемирена поради тоа.
Foto: printscreen/X




