Радио Милева целосно покриена

Џехва позира во традиционална арапска носија: „Крвта не е вода!“ (фото)

Џехва позира во традиционална арапска носија: „Крвта не е вода!“ (фото)

Пејачката Теодора Џехверовиќ сака да ја разгорува фантазијата на обожавателите со провокативни изданија, а сега реши да направи нешто поинаку.

Таа ја смени „плочата“, покажувајќи им на своите обожаватели како изгледа кога е целосно покриена.

Џехва веќе некое време престојува со својот брат Сава и неговата сопруга Адријана во Дубаи, каде што живеат со нивната ќерка Доротеа.

За потребите на нејзиното видео, кое го објави на Инстаграм, таа покажа како првпат ја носи традиционалната исламска абаја или наметка што ја носат жените во исламските земји.

Теодора се снимаше и изјави:

– Прв пат носам абаја! Како што вели поговорката, крвта не е вода! Пејачката прошета низ градските улици, посетувајќи традиционален пазар и сподели се со своите следбеници на социјалните мрежи.

 

фото: printscreen/instgaram

To top