Екс- кошаркарката, а сега фитнес инструкторка Едина Муса, стана мајка за првпат пред неполни две недели.
Таа се породи на Клиниката за гинекологија Скопје и на свет донесе здраво и живо машко бебе кое го носи името Максим.
Особено првите денови, кои наедно се запознавање со најмилото, се токму и едни од најпредизвикувачките, полни со прашалници и слатки маки.

Но, кога малата, а најголема љубов е во рацете на мама, тогаш целиот свет може да се помести, а простор за препреки нема.

Едина беше ултра активна трудница во теретана и тоа се до последните денови пред породувањето, а сега тазе породена покажа како изгледа на една недела постпартум.
Лежерно издание, по хеланки и тренерка и во комплетно природно издание, мама Едина едноставно блеска.

Горда и задоволна на одразот во огледало, сигурни сме дека оваа згодна мама допрва ќе покажува и докажува дека и по породување за многу брзо може да се биде во психо- физичка топ форма.
фото:Instagram printscreen/ edina_musa




