Радио Милева измешани емоции

Девана покажа како изгледа „патриотска возбуда“: „Бисер балкански“ и бели гаќички за „влажни машки погледи“ и кафеански воздишки (ВИДЕО)

Девана покажа како изгледа „патриотска возбуда“: „Бисер балкански“ и бели гаќички за „влажни машки погледи“ и кафеански воздишки (ВИДЕО)

Македонската пејачка Девана Ѓорѓиевска, попозната како Девана Нардели покрај  професионалните ангажмани и обврски како пејач во Македонската опера и балет, наоѓа време паралелно да и се посвети и на онаа другата своја музичка кариера како кафеанска и клубска пејачка.

Девана се почесто настапува по ноќните локали, а опусот на  нејзините песни е комбинација на повеќе жанрови, зашто младата пејачка се труди да ја задоволи масата народ која има различни вкусови.

Иако до сега не се изјаснила што повеќе и лежи: забавното или народното, оние што биле да ја слушнаат велат дека убавата пејачка подеднаково добро се снаоѓа во обата правци.

Доказ за тоа се видеата и фотографиите од настапите што Девана постојано ги постира  на социјалните мрежи.  Како што е познато покрај гласот потребен е и добар алат, во случајов микрофон!

Затоа Девана како што своевремено се пофали дека: „Без добар Шур, нема добар жур“, и овој пат гордо покажа како стручно и цврсто го држи „Шур – от“  в рака!  (инаку позната марка на квалитетни микрофони – н.з.).

Арно ама патем, сексапилната пејачка откри уште нешто, многу повозбудливо и попривлечно.

Имено, облечена во концертно мини фустанче од сребрен латекс и исти такви ракавици до надлактици, качена на сребени сандали со високи потпетици, Девана покажа колку може да биде и вокално забавна и визуелно привлечна за „големите деца“, откако со своите гласовни можности ја интерпретираше познатата „Белград“  на Цеца!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᦔꫀꪜꪖꪀꪖ (@devanainsta)

Но, само малку подоцна, откако атмосферата се сврте во сосема друг правец, русокосата убавица седната на кафеанска столица покажа како изгледа „патриотска возбуда“!

Иако со прекрстени нозе, Девана додека ја пееше една од најпознатите македонски патриотски песни, во видео-кадарот го сподели меѓуножјето сосе својата долна облека, што така гордо ѕиркаше од под фустанчето на пејачката.

Патриотизмот пуштен на најсилно, возбудата на максимум заедно со него. Промоција на измешани емоции… „Бисер балкански“ и бели гаќички за „влажни машки погледи“ и кафеански воздишки!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᦔꫀꪜꪖꪀꪖ (@devanainsta)

Фото и видео: Инстаграм/devanainsta

To top