Радио Милева непожелен...

Десингерица – забранет: Организаторите му го откажаа настапот во Врњачка Бања!

Десингерица – забранет: Организаторите му го откажаа настапот во Врњачка Бања!

Познатиот рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, не престанува да ја интригира јавноста ширум регионот со своето однесување, па токму поради тоа сега се соочи со ненадејно откажување на настапот во еден од клубовите во Врњачка Бања.

Контроверзниот изведувач Десингерица, познат по своите скандалозни настапи каде често ги тепа младите со патика, ги прска со пиво, плука, ренда кашкавал и гмечи банани, наиде на отпор од организаторите кои решиле да му го откажат настапот.

 

Имено, како што се наведува во нивното соопштение, одлуката е донесена затоа што наводно „не сакаат никој да тепа  децата на приредби“.

„Откажано! Не дозволуваме никој да ни ги тепа децата со патики по глава. Децата не се виновни, ние сме тука да се грижиме за нив и да им покажеме што е добро за нив, а што не“ – стои во соопштението на клубот на социјалната мрежа Инстаграм.

Сепак, овој потег на организаторите предизвика бурни реакции кај фановите на Десингерица, но и кај пошироката јавност.

Фото: Инстаграм/dragomirdespic_design

To top