Утре (3 декември) од 19 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Мјузикл“ по повод Светскиот ден на лицата со попреченост.
Организатор наистата е танцовото студио „Денсерс јунајтед“, кое десет години создава инклузивни танцови претстави каде што сите танчари ја слават различноста преку танц, музика и уметност.
Сценариото и режијата се на Сара Кочан.
„Ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст, кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите, без оглед на полот, возраста, можностите и способностите“, велат организаторите.