Во кафулето „Трибека“ во пријатна, убава и емотивна атмосфера аворско-вокалниот двоец Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ја промовираа женската верзија на едн од нивните први и најголеми хитови со кој ја започнаа својата меѓусебн соработка, песната „Уште ми фалиш“.
За разлика од првата верзија, оваа втората женска верзија, уште на самата промоција ги разбуди солзите и емоциите кај речиси сите присутни.
Како што и самите тие рекоа, ова претставува прва песна и прв видеоспот во Македонија а да биде преработена и да добие римејк на видеото.
Овој пат во видеоспотот се појавуваат 32 жени познати и веќе докажани во својата професија.
Меѓу нив ќе ги споменеме: Вера Јанковиќ (која во оваа прилика е придружен вокал), Катерина Коцевска, Живкица Каленикова, Јелена Жугиќ, Бедија Беговска, Виолета Томовска… Билјана Ѓошева и Билјана Драгичевиќ Пројковска кои се воедно и главни вокали во песната и многу други.
Во продолжение преслушајте ја погледнете како звучи изгледа женската верзија на „Уште ми фалиш“.