Пејачот Дарко Лазиќ ја запозна неодамна родената ќерка Срна со синот Алексеј.
Синот на Дарко Лазиќ, кој пејачот го имаше со поранешната свршеница Марина Гагиќ, Алексеј, ја запозна својата сестра Срна.
Додека ја држеше во раце, момчето не ја симна насмевката од лицето, а со бројните бакнежи разоружа многу обожаватели на Лазиќ на Инстаграм.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ неодамна ја доби Срна со сопругата Катарина. На враќање дома од породилиштето, тој истакна дека и останатите наследници кои ги има наскоро ќе имаат можност да го запознаат бебето – што очигледно се случило.
Покрај Срна и Алексеј, победникот на „Ѕвезда Гранда“ има уште еден неследбеник. Со првата сопруга Ана Севиќ ја доби Лорена во 2014 година.