Радио Милева неуништива...

Дара Бубамара нападната на бина: Пејачката веднаш се снајде, па за миг успеа да се справи со натрапниците (ВИДЕО)

Дара Бубамара нападната на бина: Пејачката веднаш се снајде, па за миг успеа да се справи со натрапниците (ВИДЕО)

Дара Бубамара работи со полна пареа. Пејачката многу често настапува по клубови, но како и секоја голема ѕвезда, така и Дара редовно одржува концерти на градските плоштади ширум Србија, па и во регионот.

Пред неколку дена Бубамара имаше настап во Бачка Паланка, а бидејќи е лето и има наезда од разни инсекти, пејачката во еден момент ја нападнале комарци, па морала да реагира.

Додека Дара ја пеела својата песна „Нема да одам дома“, слетале на неа, па откако таа се обидела да се отараси, но безуспешно, отишла до клавијатурата и земала спреј против комарци.

Патем, Дара не го прекинала пеењето, туку спрејот го испрскала околу себе, што ја насмеа публиката, па овој момент стана вирален и се прошири на социјалните мрежи како смешно видео.

@dragan.mihajlovic #viral #popular #darabubamara #backapalanka ♬ original sound – Hami

Фото: Инстаграм/darabubamara_official

Видео: ТикТок/dragan.mihajlovic
To top