Моделот Данијела Димтровска сака да носи сензуална долна облека со скриен сексапил, а сè зависи од комбинацијата што ја носи тој ден.
Данијела Димитровска беше на отворањето на продавница на познат светски бренд, кој е препознатлив по својата долна облека, а водителката откри каква облека избира за себе:
„Сакам да носам сензуално, скриен сексапил. Ми се допаѓаат сите бои, сè зависи од тоа каква комбинација носам тој ден“ – рече манекенката, покажувајќи кон долната облека на која мислеше, во продавницата во која беше.
Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ неодамна беше запросена од нејзиниот партнер Јеврем Косниќ, а сега за прв пат ги сподели своите впечатоци и дали планираат да се венчаат.
– Ах, почекајте прво да си дојдам на себе. Луѓето доаѓаат, честитаат, праќаат цвеќе, им се заблагодарувам на сите уште еднаш. Ми треба малку време да го сфатам тоа што се случи, не очекував предлог. Се збунувам кога ми честитаат, мислам дека ми помина роденденот, потоа се сеќавам за што ми честитаат. Се мажам полека – раскажа Данијела и накратко раскажа како изгледал предлогот, а поради желбата на нејзиниот партнер, не сакаше да ги открие деталите:
– Беше многу емотивно, прекрасно и нешто што ќе го паметам до крајот на животот.
Да потсетиме дека Огњен Амиџиќ беше изненаден од веста дека на неговата поранешна сопруга Данијела Димитровска и предложиле брак и беше меѓу последните што ја слушнаа добрата вест.
printscreen: printscreen/instgaram