Данијела Димитровска, манекенка и водителка на шоуто „Блиц дан“ со најновата објава ги загрижи своите следбеници.
Имено, Данијела на својот инстаграм-профил објави фотографија од својот кревет, а во таа прилика откри со што се соочува. На убавата водителка ѝ се слошило, а како што напишала во објавата се сомнева дека се работи за стомачен вирус.
– Денеска едвај се движам, изгледа имам стомачен вирус, спиев цел ден, не знам што е ова. Се надевам дека сте добро и се грижите за себе – напишала Данијела.
Инаку, Данијела неодамна го прослави својот 37 роденден, а слободно може да се каже дека годините немаат врска со неа и дека никогаш не изгледала подобро, а за тоа е виновен најздравиот начин на живот кој го практикувала со години.
фото: printscreen/instagram