Живот и стил

Дали сте пробале Бразилска лимонада? Освежувачки пијалок совршен за летото

Дали сте пробале Бразилска лимонада? Освежувачки пијалок совршен за летото

Кога почнуваат високите температури, спасот најчесто го бараме во климатизирани простории, сладоледи и освежителни пијалоци. Покрај стандардните пијалоци, летово хит ќе биде и бразилската лимонада.

Се разликува од класичната по еден додаток, а тоа е кокосово млеко.

Бразилската лимонада се подготвува така што две лимети се оставаат во замрзнувач еден час, а потоа се сечат на парчиња. Парчињата и водата ставете ги во блендер (толку колку да ги покрие парчињата). Изблендирајте, па процедете го бистриот сок без пулпа и кожа.

Потоа измешајте го процедениот сок со половина лименка кондензирано кокосово млеко, добро измешајте и уживајте во вкусот.

фото: Freepik

Извор: Курир

To top