За Сара Мејс по се она што го гледаме години наназад јасно е како ден дека ја обожава зимата и тоа повеќе од лето. Иако неодамна се врати од одмор на планина каде беа семејно сите во пакет, сега познатата брачна двојка повторно се впушти во нова зимска авантура, ама сами, без децата.
А бидејќи редовно е на падините Сара и тоа како станала искусна во бордање, а љубовта кон овој спорт особено и е изразена што дури и на не така добри услови на теренот, таа се пушта во адреналинска авантура.
-Кога љубовта е вистинска, времето не е важно – стои во описот на најновото видео.
View this post on Instagram
Колку е вешта на борд даската може да се види од видеото кое Сара го постави на својот Инстаграм, а од следбениците доби воодушевувачки коментари.
Брза како стрела, инспирирана и љубовно мотивирана од својот Диме со кого апсолутно се надополнуваат во својата зимска пасија по снежите планини низ земјава и регионот.
фото:Insatagram printscreen/sarahmace__