Планинарката Ирина Дишовска Камилоска, сопругата на пејачот Павле Камилоски, денес слави роденден. Таа е доста активна на социјалните мрежи, а овој пат токму со убавиот повод го привлече вниманието на Инстаграм. Токму таму таа ја наполни кратката приказна и ги објави честитките од своите најблиски пријатели, кои не штедеа убави зборови за нејзиниот посебен ден.

Меѓу честитките се издвои една емотивна порака од нејзината драга пријателка, екс-кошаркарката и сегашен фитнес тренер, Едина Муса. Тие две годинава во ист период станаа мајки и си ја исполнија својата најголема заедничка желба.
Пораката која ја доби славеничката од пријателката го откри токму тоа, а Едина се потрудила и ја напишала со полно љубов, поддршка и благодарност за пријателството кое ги врзува низ предизвиците на мајчинскиот и секојдневниот живот.
– Годинава заедничката желба ни стана реалност. Заедно да си бидеме мајки во исто време. Како што ни се оствари оваа желба, ти посакувам и сите останати да ти се исполнат. Пресреќна сум што овој живот го делам со тебе. Биди ми најсреќна, пишуваше во пораката. За убавите зборови што и ги напиша Ирина веднаш и возврати:
– Ти и јас имаме исти желби, на двете да ни се исполнуваат како досега. Те сакам.

Другата честитка за нејзиниот посебен ден која привлече внимание беше од познатата водителка Снеже Велков, а се однесуваше на нејзината кариера и успехот како планинарка.

Со зборови полни на восхит и со одбрана фотографија, таа ја истакна нејзината упорност, храброст и љубов кон природата, кои во нејзините очи ја прават една од најценетите личности во освојувањето врвови.
– Среќен роденден убавино! Врвот не се заслужува се освојува. А ти не само физички туку и човечки имаш освоено многу врвови, продолжи понатаму! Сега го имаш најдоброто трио што те бодри!

Оваа атмосфера на љубов, поддршка и признание кои Ирина ги доби, потсетува дека вистинската сила не се мери само со достигнувања, туку и преку семејството и пријателствата кои нѐ носат понатаму низ животните патеки. На крај, најубавите успеси се оние кои ги славиме со оние кои ги сакаме.

Foto: print Screen/Instagram







