Вокалот и фронтмен на „Нокаут“ Никола Перевски -Пере на социјалната мрежа Инстаграм сподели спомен фотографија од актерот Кирил Поп Христов попознат како Кили, кој почина на 11. Март, во Еквадор на 58. годишна возраст.
Пере потсети на моментот кога Кили бил гостин на „Нокаут“ во песната „La vita e bella, снимена пред 13 години како нивен специјален гостин на пијано, за третиот албум.
– Со ‘La vita e bella’, снимена пред 13 години со нашиот специјален гостин на ( Пијано )
на третиот албум,тивко се затвора едно големо поглавје на човек што не ја играше уметноста,
туку ја живееше…Кирил Поп Христов – напиша фронтменот во описот на објавата.
View this post on Instagram
На споменатата мрежа, на кратката приказна, музичарот објави и една заедничка фотографија со Кили, па додаде:
„Имаше во Кили ум, смеа и нешто ретко што не се заборава, што останува меѓу луѓето како добрина. Мирен пат за Кили“.

Инаку, Кирил Поп-Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната година ипол ја помина во Еквадор.
Глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“ и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.
Foto: print screen/Instagram/perrenokaut






