Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, ја продаде семејната куќа во Кошутњак за повеќе од еден милион евра.
Веста за продажбата брзо се прошири, но каде се преселиле Чола и неговото семејство останува тајна позната само на најблискиот круг на пријатели.
Пред да го продаде овој имот, Чолиќ живеел на Дедиње, а потоа се преселил во вила во мирниот дел на Белград, во близина на Баново брдо.
View this post on Instagram
Одлуката за промена на просторот за живеење се должи на многубројните обожаватели кои често доаѓаа на неговата врата, сакајќи да се сретнат и да се фотографираат со него, што траеше со години.
– Чола е голема ѕвезда, но го живее животот како и секој друг граѓанин. Мирно, тивко, семејно и едноставно. Уште за време на короната размислуваше да ја продаде куќата и неодамна го сфати тоа. Сакаше да ја промени средината и штом им кажа на пријателите дека има намера да се пресели, брзо најде купувач. Додуша, претходните години имаше неколку понуди за куќата, но тоа го правеше само кога мислеше дека моментот е погоден. Чола се грижи за се’. Иако го познавам, не знам каде се пресели овој пат. Сега времето е добро, ќе остане или во Босна и Херцеговина, или некаде на брегот – изјави во една прилика соговорник за „Курир.рс“.
View this post on Instagram
Неговата вила која брзо и лесно ја продал е опкружена со зеленило, а пред неа има голем двор со две порти и под високи безбедносни мерки, кои никогаш не ги истакнал во јавноста.
фото:Instagram printscreen/ zdravko.colic