Легендарниот пејач Здравко Чолиќ има 74 години, но сè уште не сака да стане дедо.
Чолиќ има две ќерки, Уна и Лара, и верува дека ниту една од нив сè уште не е доволно зрела за да стане мајка. Пејачот верува дека неговите миленици сè уште треба да уживаат, да патуваат низ светот и дека има време за потомство.

– Па, јас би го одложил колку што можам, без оглед на возраста. Постарата ќерка е веќе стабилна, а помладата е сè уште млада. Сè е во Божји раце. Секогаш велам, убаво е децата малку да патуваат низ светот, да работат на себе, но судбината си е судбина, секогаш те чека – изјави Здравко Чолиќ во „IN Magazine“.
Здравко, за потсетување, во интервју за македонските медиуми откри детали за своите ќерки за кои досега не зборувал јавно.
– Не сум премногу дисциплиниран, но сум кога треба. Постојано им го кажувам тоа на моите деца, знаете… Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално… Па, и јас би бил разгален да бев на нивно место. Повторно, би очекувал повеќе од нив, знаете, но… – изјави Чола за „Еден на еден“.

Foto: printscreen/instagram







