Македонија оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цели месец дена.
По внимателен избор од страна на организаторот и сопственик на лиценцата Шаќир Села, воедно и сопственик на најпознатата модна агенција „Даман” во Истанбул, титулата „Мис Македонија” ја понесе Чарна Невзати од Скопје.
View this post on Instagram
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја, Македонија на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
Чарна е 20-годишна студентка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје каде е двоен победник, со освоена специјална награда за најдобар сценски настап „ Бранко Ѓорчев“ и е победничка на 26та Ораторска вечер „Иво Пухан“. Професионално се занимава со моделинг, како дел од модната агенција „Макс Моделс”, со низа модни кампањи за познати домашни и светски брендови.
View this post on Instagram
Чарна Невзати ќе биде дел од 72-от избор на убавина за „Мис на светот” на кој ќе учествуваат 120 држави. Таа плени со својата природна убавина, интелегенција и самодоверба. Во очи на настанот, изјави дека ѝ претставува голема чест и задоволство да ја претставува Македонија, нашето национално богатство и култура.
фото: printscreen/instagram/nevzaticharna