Поранешната македонска кошаркарка, а сега фитнес тренерка и инфлуенсерка од Скопје, Едина Муса, пред девет месеци се породи, а сега откри колку килограми има и како точно изгледа.
Во медиумите, покрај нејзината спортска кариера и личниот живот, таа ја носи и улогата на мајка која успешно ја комбинира со активен и здрав начин на живот.

Во текот на целата бременост, Едина постојано покажуваше колку е активна трудница, одржувајќи го телото во форма со внимателно избрани вежби за трудници во теретана.Таа го докажа својот пример дека активноста и посветеноста кај неа не завршуваат.

Сега, по девет месеци од породувањето со царски рез, за неа не постојат изговори за да се врати назад на своето. Затоа, Едина јавно ја покажа својата тежина, се качи на вагата и сподели дека тежи 64 килограми и некој грам повеќе.

За многумина ова може да биде стресно, но таа го направи тоа со самодоверба, докажувајќи дека нема изговори за враќање на формата, а нејзиниот совршен изгледот тоа го покажува.

Нејзините цврсти стомачни мускули говорат за напорната работа и посветеност, додека редовната физичка активност и внимателно одбраната исхрана ја одржуваат во совршена форма. Така, Едина Муса останува да биде инспирација за мајките и жените кои сакаат да останат силни и здрави по предизвиците на мајчинството.
Foto: print screen/Instagram/edina_musa



