Радио Милева добро во лошото

Бројни контроверзии и теории на заговор: Принцезата Кејт Мидлтон воопшто немала канцер?! (фото)

Бројни контроверзии и теории на заговор: Принцезата Кејт Мидлтон воопшто немала канцер?! (фото)

Од моментот кога Кејт Мидлтон објави дека се бори со ракот и почна со превентивна хемотерапија, ја следеа бројни контроверзии и теории на заговор.

Многумина се прашуваа за каков вид на рак се работи, каде се лекува и кој лекар е задолжен за нејзиниот случај. Сомнежите за веродостојноста на нејзината приказна дополнително ги подгреа американската телевизија „Скај њуз“ која пред неколку дена ненамерно или намерно откри одредени детали за нејзината здравствена состојба.

Принцот Вилијам, говорејќи на наградите „Earthshot“ во Кејп Таун, зборуваше за здравјето на Кејт и истакна дека таа се чувствува „навистина добро“ и покажа огромна сила оваа година. Меѓутоа, како што Скај њуз ја објави неговата изјава, откриено е дека во март Кејт биле пронајдени преканцерозни клетки, а не целосен рак, како што се веруваше претходно.

По завршувањето на хемотерапијата во септември, принцезата закрепна, но јавноста сепак беше збунета од информациите за нејзиното лекување.

Преканцерозните клетки, како што наведува порталот „Verywellhealth“, не се исто што и канцерогените, бидејќи тие не напаѓаат во ткивата и не се шират низ телото. Иако тие можат да го зголемат ризикот од развој на рак, тие обично не се претвораат во малигна форма. Третманот на таквите клетки може да варира – во некои случаи тие се следат без дополнителна интервенција, додека во други се применува превентивен третман, вклучително и хемотерапија, за да се намали ризикот од нивно враќање.

Со оглед на ова ново откритие, скептиците на социјалните мрежи се уште поубедени дека приказната за ракот е обид да се сврти вниманието од нешто друго што можеби се случува во животот на Кејт и Вилијам.

фото:instagram printscreen/ _kate_middleton_royal

To top