Рене Зелвегер ќе ја повтори својата иконска улога во четвртиот дел од оваа продукција. Филмот ќе се вика „Bridget Jones: Mad About the Boy“.
Покрај Рене, своите улоги ќе ги репризираат Хју Грант и Ема Томпсон, како и Сали Филипс, Ширли Хендерсон, Џим Бродбент, Селија Имри и други. Нико Паркер, Жосет Сајмон, Лила Фарзад, Ајла Фишер, меѓу другите, се приклучуваат на тимот.
Официјалниот синопсис на филмот гласи: „Бриџит повторно е сингл. Таа е вдовица откако Марк (Колин Фирт) беше убиен во хуманитарна мисија во Судан пред четири години. Сега самохрана мајка на деветгодишниот Били и четиригодишната Мејбел, таа е заглавена во емотивен немир, одгледувајќи ги своите деца со помош на нејзините лојални пријатели, па дури и нејзиниот поранешен љубовник Даниел Кливер (Хју Грант). Под притисок на нејзините пријатели – Шерон, Џуд и Том, нејзината колешка Миранда, нејзината мајка и нејзиниот гинеколог д-р Ролингс (Томпсон) – да се врати на вистинскиот пат и да ја најде вистинската љубов, Бриџит се враќа на работа, па дури и почнува да користи апликации за запознавање, со помош на кои таа запознава многу заинтересиран помлад маж. Сепак, тој не е единствениот маж со кој Бриџит ќе има можност да го започне својот „нов живот“, пишува “Variety”.
Четвртиот дел ќе биде и последен од сагата за Бриџит Џонс, во режија на Мајкл Морис, додека сценариото го напишаа Аби Морган, Ден Мејзер и Хелен Филдинг. Филмот ќе се прикажува од 13 февруари следната година.
Потсетуваме дека првиот дел од франшизата беше прикажан во 2001 година и се вика „Bridget Jones’s Diary“. Следеа „Bridget Jones: The Edge of Reason“ и „Bridget Jones’s Baby“.
фото:You Tube printscreen/ Peacock/ Instagram renee__zellweger_