Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица ги изненади сите со промена на изгледот.
Бресквица за новогодишната „реприза“ ќе настапи во Црна Гора, а по тој повод беше организирана и промоција.
Таа до медиумите дојде цела во црно, облечена во хеланки и необична јакна.
Меѓутоа, овој пат таа не привлече внимание со својот стајлинг, туку со промената на изгледот која изненади многумина.
Имено, Бресквица ја обои косата плаво, а многумина коментираа дека оваа боја на коса и стои одлично.
фото: printscreen/instagram You Tube Repulika Tv